Шок на „Ролан Гарос“: На тренингот на Ѓоковиќ, полицијата со кучиња бараше бомба!

На трибината на теренот „Шатрие“, на којшто денеска тренираше Новак Ѓоковиќ и каде што треба да игра попладнево по 16 часот, имало сомнителен ранец, па париската полиција со обучени кучиња трагаше по можна бомба.

За среќа, се покажа дека е лажна тревога и дека во торбата немало бомба, туку дека едноставно некој ја заборавил и таа останала таму. Сепак, полицијата си ја заврши работата, не остави ништо на случајноста и направи внимателна антитерористичка процедура.

Ѓоковиќ попладнево треба да игра осминафинале со Аргентинецот Франсиско Серундоло.

- Оглас -

Најнови вести