Веста дека припадник на радикална навивачка група на фудбалскиот клуб Нант, бил убиен во инцидентите кои се случија синоќа пред мечот Нант – Ница, предизвика големо внимание во светот, а француската полиција презеде мерки за откривање на убиецот и објави шокантен детал.
Сега веќе покојниот 31-годишен навивач по име Максим, бил прободен со нож во грбот и починал на лице место, а според информациите на истражните органи, сторителот на убиството не бил навивач на Ница, туку возач на едно од комбињата со кои биле превезувани фановите на Ница.
Кога комбињата со навивачи на Ница се доближиле до стадионот на Нант, биле пресретнати и нападнати од домашните навивачи меѓу кои бил и Максим, а во хаосот, еден шофер употребил нож со кој нанел смртоносна повреда.