Шок: Трократниот европски првак исфрлен од Лигата на шампионите, клубот банкротира и згасна

Екипата на Випер Кристијансунд трипати во последните четири години беше европски ракометен првак во женска конкуренција. Тимот кој доминираше на континентален план сега се соочи со најголемиот шок. Денеска и официјално е потврдено дека Випер Кристијансунд банкротира!

Неколку месеци траеја финансиските проблеми во клубот, кој сепак сезонава реши да се натпреварува во Лигата на шампионите и во првите шест кола имаше две победи, едно реми и три порази. Сепак, сега настанува и проблем во Лигата на шампионите, а од ЕХФ најавија дека ќе реагираат.

„Вајперс Кристијансунд е регистриран и прифатен во женската Лига на шампиони на ЕХФ за сезоната 2024/25 откако ги достави сите потребни документи, вклучително и изјава за финансиската состојба потврдена од Норвешката ракометна асоцијација. ЕХФ ќе разговара за ефектите од оваа ситуација врз ЕХФ Лигата на шампионите за жени со сите заинтересирани страни и ќе биде соопштена навреме за следниот викенд од Лигата на шампионитете на 9 и 10 ноември по тринеделна пауза“, се вели во соопштението на ЕХФ.

Во тимот на Вајперс Кристијансунд настапуваа голем број ракометари кои летото го освоија златото на Олимписките игри во Париз. Тука беа најтрофејните ракометарки досега, Катрин Лунде и Сиље Солдберг, но и Јана Кнедликова, Луис Абинг, Јасмина Робертс, Ана Дебелиќ…

- Оглас -

Најнови вести