Херта успеа да ја истрпи инвазијата од 35.000 навивачи на Динамо Дрезден за дуелот на Олимпискиот стадион во Берлин и на крајот домаќините да се радуваат на влез во следната фаза од Купот на Германија. Во меч кој беше со многу драма и пресврти, на крајот мораше да се изведуваат пенали за да се дознае победникот.
Половина стадион беше обоен во жолто и даваше поддршка за Динамо, кој на полувреме водеше со 1:0. Херта стигна до 2:1, но прими гол од пенал во 90-тата минута за да има две продолженија од по 15 минути. Динамо поведе со 3:2 во 107-мата минута, но Херта успеа да израмни на 3:3 во 123-тата минута, односно буквално во последните секунди од средбата.
Во пенал-рулетот, играчите на Херта беа посмирени и на крајот победија со 5:4.