8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Шок, во Доха нема да има финале Алкарас – Синер

Поразот од Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија како да остави негативни последици врз самодовербата на Јаник Синер, па италијанскиот тенисер, второрангиран во светот, уште не е во својот ритам и изненадувачки не успеа да се пласира во полуфиналето на АТП 500 турнирот во Доха.

Во четвртфиналниот натпревар, Синер загуби од 16-тиот светски тенисер, Чехот Јакуб Меншик со 6-7, 6-2, 3-6. За Меншик, кој во полуфуналето ќе се соочи со Французинот Артур Фис, ова е прва победа во кариерата против некој од топ 3 тенисерите.

Во второто полуфинале во Катар ќе играат Карлос Алкарас и бранителот на титулата Андреј Рубљов (14-ти на АТП-листата).

 

- Оглас -

Најнови вести