Шок за Алкарас: Испадна од 36-тиот тенисер во 1/16-финалето на турнирот во Мајами

Американскиот тенисер, Себастијан Корда, го направи најголемото изненадување на АТП турнирот во Мајами, откако во 1/16-финале успеа да го елиминира лидерот на светската ранг-листа, Карлос Алкарас.

36-тиот тенисер во светот го доби мечот со 2-1 во сетови, 6-3, 5-7 и 6-4.

Првите седум гема од првиот сет им припаднаа на тенисерите кои беа на сервис, но Корда направи брејк во осмиот гем и на тој начин поведе со 1-0.

И вториот сет започна одлично за Американецот, откако уште во третиот гем нарави брејк, но Алкарас врати во 10-тиот и во 12-тиот гем и го доби сетот со 7-5.

Кога сите очекуваа дека Шпанецот во третиот сет ќе ги врати работите во нормала, се случи нов шок. Корда освои поен на сервис на Алкарас во седмиот гем, а тоа знаеше како да го сочува до крајот на мечот за голема победа.

Со оглед дека Новак Ѓоковиќ не учествува на турнирот во Мајами, Јаник Синер сега има отворен пат не само до финалето, туку и за освојување на трофејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести