Шок за Баерн Минхен: Во 95-тата минута останаа без победата против Баер Леверкузен (Видео)

Екипата на Баерн Минхен доживеа вистински шок и не успеа да победи на домашен терен против Баер Леверкузен во четвртото коло од Бундес лигата. Сега двете екипи се израмнети на врвот на табелата со 10 бодови, но Баер Леверкузен има подобра гол-разлика.

Натпреварот започна одлично за шампионот на Германија, бидејќи Хари Кејн во седмата минута се најде на вистинското место во вистинско време и со глава погоди во мрежата на гостите за водство од 1-0.

Сепак, Баер Леверкузен во 24-тата минута израмни преку Алекс Грималдо со прекрасен погодок од слободен удар.

Домашните во 86-тата минута преку Горецка повторно дојдоа во водство, овојпат од 2-1, и се чинеше дека ќе забележат победа. Сепак, така не мислеше Езекил Паласиос кој во 95-тата минута од пенал израмни на 2-2, со што го постави конечниот резултат на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести