Шок за Баерн, најбрзиот фудбалер на светот не смее ни да трча!

Канадскиот фудбалер Алфонсо Дејвис, кој во дресот на Баерн Минхен се прослави по својата брзина, веќе два месеци не игра, а не се знае ни кога ќе добие дозвола да се врати на терен.

Лекарите открија дека левиот бек има миокардитис, проблем на срцето како последица од коронавирусот, па не сакаат да ризикуваат со предвремено изложување на напори. Дејвис кој е еден од најбрзите фудбалери на светот, не смее ниту да трча, забранети му се секакви физички активности додека траат деталните испитувања.

Иако до крајот на сезоната има уште три месеци, навивачите на Баерн се загрижени дека Дејвис можеби и нема да биде спремен да игра до крајот на Бундеслигата. Канаѓанецот својот последен меч го одигра на 17-ти декември.

- Оглас -

Најнови вести