По вчерашната вест дека Жером Боатенг се врати во Германија поради приватни проблеми (се самоуби неговата вереница со која се разделија пред десетина дена), денеска нов шок за Баерн Минхен: во вечерашното финале на Светското клупско првенство нема да игра ниту Томас Милер, кој е позитивен на ковид-19.
На искусниот Милер му биле направи три теста, од кои еден бил негативен, а два позитивни, па според правилата на ФИФА, тој нема да смее да игра во финалето против мексиканскиот Тигрес. Милер, кој сезонава има 13 гола и 14 асистенции во сите натпреварувања, веќе е изолиран и преместен е во друг хотел за да нема контакт со соиграчите.
Милер играше 60 минути во полуфиналето против Ал-Ахли, а дополнителен проблем за Баварците е што со новата ситуација им се комплицира враќањето во Германија. Нема привилегии за спортистите и карантинот од десет дена е задолжителен за сите кои влегуваат во Германија од некоја ризична земја. Катар не е меѓу ризичните, но бидејќи тимот имал контакт со заразено лице, тоа ги менува работите.
Баерн по враќањето дома, треба да игра два меча од Бундеслигата, а на 23 февруари треба да патува во Рим на дуел со Лацио во Лигата на шампионите.