Неверојатен и неочекуван пораз доживеа актуелниот германски шампион, Баерн Минхен, откако попладнево загуби со минимални 0-1 на домашен терен од Вердер Бремен. „Баварците“ упатија дури 20 удари кон противничкиот гол, но и тоа не беше доволно не само за победа, туку и воопшто за да се избегне поразот.
Мичел Вејзер беше човекот на одлука кој го постигна единствениот погодок на натпреварот во 59-тата минута, откако одлично се проби по десната страна и одлучи сам да ја завршува акцијата.
Баерн Минхен останува на 41 бод, седум помалку од лидерот Баер Леверкузен, но „баварците“ имаат натпревар помалку и може оваа разлика да ја намалат на четири поени.