Шок за Борусија Дортмунд: Халанд нема да игра до крајот на годината

Првиот адут во нападот на Борусија Дортмунд,  Ерлинг Халанд, го нема на вечерашниот меч против Лацио во Лигата на шампионите, но тоа не е најголем проблем за германскиот тим. По направените прегледи, потврдено е дека Халанд на последниот вчерашен тренинг заработил повреда на мускулот.

Се претпоставува дека се работи за скинат мускул, повреда која бара мирување меѓу четири и шест недели. Доколку докторите потврдат дека се работи за овој вид повреда, за Халанд фудбалот во 2020 година е завршен.

- Оглас -

Најнови вести