За првпат по осум години во четвртфиналето на Копа Либертадорес ќе ги нема ниту Ривер плејт ниту Бока јуниорс, а првпат во историјата на најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка се случи двата гиганти од Буенос Аирес да испаднат во осминафинале.
Откако Бока на пенали беше елиминирана од Коринтијанс, и Ривер ги разочара своите фанови и испадна од аргентинскиот ривал Велес Сарсфилд. Велес победи со 1-0 на првиот меч, а рано утрово на „Монументал“ мечот заврши 0-0.