Затоа му фаќаа сеир: Бока имаше пенал за победа, а шутот на Бенедето отиде во облаци (Видео)

Дарио Бенедето беше трагичар на натпреварот помеѓу Бока јуниорс и Коринтијанс од Копа Либертадорес. Аргентинецот освен што утна пенал во регуларниот дел од мечот против Бразилците, утна и во пенал-серијата откако мечот заврши 0-0.

Бенедето имаше одлична прилика да се извади за нереализираниот пенал во 32-рата минута бидејќи во пенал-рулетот тој изведе шут од 11 метри при водство на Бока од 3-2 и ако погодеше, Бока ќе одеше понатаму. По утката на Бенедето, гостите ги реализираа сите пенали и се пласираа во следната фаза.

Но, шутот заврши високо над голот, некаде на горниот кат од трибините на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес. Затоа и Бразилците му фаќаа сеир на Дарио со монтирана членска книшка на Бенедето како член на фан клубот на Коринтијанс.

Погледнете колку лошо Бенедето го изведе клучниот пенал:

- Оглас -

Најнови вести