Фудбалерите на Интер доживеаја вистински шок уште во второто коло и загубија на домашен терен од Удинезе со 1-2. Домашните тргнаа одлично и уште во 17-тата минута дојдоа во водство од 1-0 со голот на Дензел Дамфрис.
Гостите од Удине израмнија во 29-тата минута од пенал прели Дејвис, а Ата во 40-тата минута направи комплетен пресврт и го донесе Удинезе во водство од 1-2.
Резултатот од полувремето остана на семафорот и на крајот од мечот, па Удинезе по осум години пауза успеа да слави над Интер на „Џузепе Меаца“.
На вториот вечерашен од Серија А, Лацио со убедливи 4-0 славеше над Верона. Победникот беше решен уште по само десеттина минути, бидејќи домашните веќе имаа водство од 2-0, а до крајот на мечот успеаја да постигнат уште два.