Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, го очекува пауза до 12 недели, а можеби и подолга, откако се здоби со повреда во препоните изминатиот викенд во градското дерби против Евертон.
Иако сè уште нема потврда од клубот, англиските медиуми тврдат дека Хендерсон денес ќе дознае дали му е потребна операција, со оглед на тоа дека се работи за посериозна повреда. Доколку му е потребен хируршки зафат, сезоната ќе заврши за Хендерсон, по што и неговиот настап за Англија на ЕП 2020 е ставен во прашање.
Ова е нов тежок удар за англискиот првак, а дербијата против соседите од синиот дел од Мерсисајд се покажаа како кобни. Претходно сезонава, во првата пресметка Ливерпул го загуби Ван Дајк на подолг период, а сега и Хендерсон страдаше од Карамелите.
Капитенот во наредниот период ќе пропушти неколку важни дуели за Црвените, како реваншот против Лајпциг во осминафиналето од ЛШ, дербијата против Челзи и Арсенал, но веројатно нема да игра и против Манчестер јунајтед.