Шок за навивачите на Сити: Големата ѕвезда ќе се пресели во Саудиска Арабија?!

Изненадувачки информации пристигнуваат од Англија, кои велат дека ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Бројне, ќе направи сензационален трансфер во Саудиска Арабија, и тоа во екипата на Ал-Наср и ќе стане соиграч со Кристијано Роналдо.

Фудбалерот во моментов е повреден и Пеп Гвардиола оваа полусезона нема да може да смета на неговите услуги, но сè погласни се и шпекулациите дека Граѓаните нема да му го продолжат договорот поради честите повреди.

Детали од понудата на Ал-Наср во моментов не се откриваат, ниту за обесштетувањето, ниту за платата на фудбалерот, но познато е дека неговиот менаџер им дал ветување на челните луѓе на клубот од Саудиска Арабија дека ќе го убеди Де Бројне да седне на маса и да преговара со нив.

- Оглас -

Најнови вести