Шок за Партизан: Студентски центар е сензационален победник на АБА Супер купот (Видео)

Екипата на Студентски центар е сензационален победник на АБА Супер купот откако во финалето го совлада белградскиот Партизан со 83-81.

Црно-белите од Белград беа големи фаворити за освојување на трофејот и во поголем дел од мечот имаа предност. Во самиот финиш од натпреварот Партизан водеше со 81-73, но екипата од Подгорица со неверојатна серија од 10-0 стигна до трофејот. На пет секунди до крајот, Партизан имаше 81-80, но Капуста успеа да постигне тројка и да донесе голема победа и трофеј за својата екипа.

Во продолжение видеото од одлучувачките поени на мечот во Подгорица.

- Оглас -

Најнови вести