Шок за Рајо и Димитриевски, примија гол во 103-та минута и останаа без победа (Видео)

Фудбалерите на Рајо Ваљекано и Кадис одиграа 1:1 во мечот од 27-то коло во Ла Лига кој беше прекинат на одреден период поради дожд.

Рајо без победата остана во 103-тата минута кога Ернандез го совлада Столе Димитриевски и погоди за 1:1.

Претходно домашниот тим во 89-тата минута поведе преку голот на Фабијан Лежун.

Со примениот гол во 103-та минута, Столе Димитриевски пропушти по десетти пат сезонава во Ла Лига да ја зачува мрежата, тој остана на девет меча без примен гол.

 

- Оглас -

Најнови вести