Шок за Реал на неколку часа пред дербито со Жирона

Реал Мадрид објави соопштение со кое информираше дека Антонио Ридигер има мускулна повреда, а проценката е дека Германецот ќе мора да паузира околу две недели, што значи дека Реал не само денеска против Жирона, туку на својот столб на одбраната нема да смета ни против Лајпциг, и на уште неколку меча.

Ридигер се повреди на мечот против Хетафе кога имаше судар со Маркус Гринвуд. Го пропушти градското дерби со Атлетико, а нема да игра и на уште неколку важни мечеви за Реал. Вчера Германецот тренираше и се најавуваше дека ќе игра против Жирона, но на тестовите утрово, лекарите најдоа мускулна повреда.

Повреден е и капитенот Начо, од поодамна во аут се Милитао и Алаба, па Кралскиот клуб е без ниту еден централен дефанзивец, и тренерот Карло Анчелоти против најефикасниот тим во Шпанија ќе мора да експериментира со Орелиен Чуамени и Даниел Карвахал како главни во одбраната заедно со бековите Ферлан Менди и Лукас Васкес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести