Вистинска фудбалска сензација се случи во полуфиналето на азиската Лига на шампиони, откако јапонскиот клуб Кавасаки го шокираше фаворизираниот Ал-Наср, совладувајќи го со 2-3 и покрај ѕвездениот состав предводен од Кристијано Роналдо.
Натпреварот започна бурно, Ито го отвори резултатот веќе во десеттата минута и донесе рана предност за Кавасаки. Садио Мане возврати со гол за Ал-Наср во 28-та минута, но до паузата Озеки погоди за ново водство на Јапонците од 1-2.
Во второто полувреме, Иенага во 76-та минута ја шокираше публиката во Ријад со третиот гол за Кавасаки. Јахја само ги ублажи работите во финишот, поставувајќи ги конечните 2-3.
Кавасаки сега се подготвува за големото финале каде што ќе се соочи со саудискиот Ал-Ахли, каде настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.