Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Родри, на мечот против Арсенал беше заменет многу рано, а според информациите од шпанските медиуми, тој ги скинал предните вкрстени лигаменти на колено. Тоа е најлошата повреда за еден спортист, која мора да биде третирана со оперативен зафат, а тоа значи и пауза од околу девет месеци.
Тоа ќе биде голем хендикеп за Манчестер сити и Пеп Гвардиола, а конечната дијагноза треба да ја дадат испитувањата кои ќе се извршат во Мадрид. Доколку и таму дијагнозата е иста, тогаш за Родри оваа сезона е завршена.