Шок за Црвена ѕвезда: Од +11 до домашен пораз од Мега баскет

Кошаркарите на Црвена ѕзведа им приредија вистински шок на своите навивачи, откако загубија на домашен терен од Мега баскет со 83-89 во меч од јадранската АБА-лига.

Мечот започна како од соништата за кошаркарите на Мега баскет, кои ја добија првата четвртина со 18-24, но во продолжение работите дојдоа на своето место. Црвена ѕвезда го доби вториот период со 30-17 и дојде до убедлива предност, која кон крајот на третата четвртина изнесуваше максимални +11.

Сепак, гостинските кошаркари не се откажаа и постојано притискаа за да дојдат до поволен резултат против големиот ривал. Тоа им успеа во последните минути од мечот, кога не само што успеаја да направат комплетен пресврт, туку на крајот и да победат со шест поени разлика.

И покрај поразот, Црвена ѕвезда останува лидер во АБА-лигата со 20 победи, две повеќе од вечниот ривал Партизан.

- Оглас -

Најнови вести