По стартните три победи во Евролигата, Црвена ѕвезда сега е во низа од три порази. Српскиот првак гостуваше во Каунас кај Жалгирис, а на крајот домаќините се радуваа на победа од 86:84.
Жалгирис водеше во најголем дел од натпреварот, дури и со двоцифрена предност, но Црвена ѕвезда се врати и со тројка на Коди Милер стигна до 84:84, а на семафорот остана само 1,3 секунди до крајот.
CODI MILLER-MCINTYRE’DAN MAÇI UZATMAYA TAŞIYAN ÜÇLÜK GELİYORRRRR! 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5CtpwBBhba
— Euroleague Time (@euroleague_time) October 30, 2024
Иако делуваше дека ќе има продолжение, на Жалгирис доволно му беше 1,3 секунди за да даде гол за победа. Брајан Дунстон погоди од непосредна близина за голема радост на домашните фанови.
BRYANT DUNSTON FOR THE WIN😱 #MotorolaMagicMoments I @Moto pic.twitter.com/3UI3XV3Y42
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 30, 2024