Столе Димитриевски повторно остана на клупата за резерви и не доби шанса да настапи на мечот помеѓу Валенсија и Овиедо, но беше сведок на неверојатен натпревар и шок за сите на „Местаља“.
Валенсија беше фаворит против повратникот во Ла Лига, Овиедо, и одлично го отвори мечот, па уште во четвртата минута поведе преку Данџума. Истиот фудбалер во 75-тата минута не реализираше пенал за „лилјаците“, а во продолжение следуваше неверојатен пресврт.
Овиедо дојде до победата со голови во 85-тата и 86-тата минута, а мрежата на Агирезабала ја погодија Илиќ и Рондон.
Беа покажани девет минути продолжение, а Србинот Лука Илиќ беше исклучен во 93-тата минута, па гостите и со играч помалку успеаја да се одбранат иако се играше и повеќе од 100 минути.