Шок за Змаевите – Гигс нема да ги води во Катар, не сака да го расипе кам-бекот по 64 години

Рајан Гигс нема да биде селектор на Велс на Мундијалот во Катар, откако на почетокот на овој месец привремено се повлече од кормилото на популарните Змаеви.

На јунските натпревари од Лигата на Нации и во клучниот меч за Велс во финалниот бараж против Украина за настап на Светското првенство во Катар ги предводеше Роберт Пејџ како привремено решение.

Гигс има судски процес во кој како што вели сака комплетно да докаже дека не е насилник, а е обвинет за малтретирање на поранешната девојка.

Големата фудбалска легенда има многу проблеми во приватниот живот и објави дека ќе му соопшти на раководството на велшката фудбалска асоцијација дека и дефинитивно ќе се повлече од кормилото на репрезентацијата.

Велс ќе игра на Светско првенство по долга пауза од цели 64 години, а единствен настап им е тој во 1958 година кога играа во четвртфиналето на турнирот што го организираше Шведска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести