Додека Челзи во моментов игра против Севилја во Лигата на шампионите, лондонските Сини на својот сајт го објавија составот од 25-мина фудбалери на кои сметаат за настап во Премиер лигата сезонава, а на листата фигурира и името на нивниот технички советник Петр Чех. Славниот чешки голман ја заврши кариерата по завршувањето на сезоната 2018/19, па затоа претставува големо изненадување што 38-годишниот Чех се најде на списокот и можеби сезонава ќе го видиме меѓу стативите на некој меч од англиското првенство.
Чех не е пријавен во ЛШ, но Челзи го вметна својот советник на листата за Премиер лигата, „за секој случај“.
Инаку, Чех цели 11 сезони бранеше на „Стемфорд бриџ“, освои една титула во ЛШ и четири во Премиер лигата. Последниот настап за Челзи му беше во мај 2015 година, по што премина во лондонскиот ривал Арсенал. Чех во 2019 година се врати во Челзи, а стана тренер на голманите. Тој нема договор со клубот како играч.