Микел Хансен, еден од најдобрите ракометари на светот, преживеа вистиински шок откако му било откриено дека има воспаление на вената и емболија на белите дробови, но, за среќа, сега е во стабилна состојба.
Данецот ќе мора да паузира од 4-6 месеци и за него сезоната е завршена. Хансен во минатата недела беше опериран поради проблеми со рскавицата на коленото, а по враќањето во Франција било констатирано воспаление на вената и белодробна емболија.
Тоа може да доведе до тромбоза, што е знак за животозагрозувачка ситуација, односно да му се „откачи“ тромб што може да доведе и до смрт.
Од неговиот клуб Пари Сен Жермен објавија дека ракометниот виртуоз е надвор од животна опасност.
Handball : victime d’une embolie pulmonaire, Mikkel Hansen ne rejouera plus avec le PSG
➡️ https://t.co/I9aYQ8vbvZ pic.twitter.com/Z7DX8WCoGw— Le Parisien | PSG (@le_Parisien_PSG) March 22, 2022
Хансен и е добро познат и на македонската спортска и особено ракометна публика и честопати има играно за Данска против Македонија, но и со клубовите за кои настапувал против македонски екипи во Лигата на шампионите.
Со својата репрезентација Хансен има освоено медали на сите големи натпреварувања, Олимпијади, Светски и Европски првенства, колекцијата со индивидуалмни признанија е пребогата, а му фали само пехарот во клупската Лига на шампиони.