Американецот Мајк Џејмс кој игра за Монако, вечерва стана првиот кошаркар во историјата на Евролигата кој постигнал 5.000 поени во ова натпреварување.
Џејмс со своите 19 поени придонесе за победа на Монако над Басконија од 92-85, а неговиот 11-ти поен на мечот беше историски.
Барселона со убедливо издание во второто полувреме славеше над Макаби со 100-71, а прв стрелец беше Кевин Пантер со 28 поени.
Партизан триумфираше во Болоња против Виртус со 81-71 и ги израдува своите бројни фанови кои се најдоа во салата во овој универзитетски град во Италија.
Македонскиот натурализиран кошаркар Ти Џеј Шортс, имаше 15 поени, 9 асистенции и 4 скока за 27 минути на дуелот кој неговиот Париз го загуби дома од лидерот на табелата Олимпијакос, со 73-90.