7.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Шортс вечерва против Барса ги чека првите поени во дресот на Панатинаикос

Богата е вечерашната програма во Евролигата, има седум натпревари, а Sport Life ви нуди да се обложите на голем број игри поврзани со овие мечеви, како и на број на поени на над 70-мина кошаркари.

Натурализираниот Македонец, Ти Џеј Шортс, летово дојде како огромно засилување за Панатинаикос, беше еден од најдобрите играчи во Евролигата, кога настапуваше за Париз (никогаш не даде помалку од 9 поени), но на дебито против Баерн Минхен не даде кош за десетина минути на паркетот. Тоа беше првпат во кариерата да не постигне поен на евролигашки меч. Вечерва има нова шанса, и тоа против Барселона, меч на кој исто така ПАО игра дома и е огромен фаворит за победа.

- Оглас -

Најнови вести