Шоу на браќата Јокиќ, ги фрлаа во воздух и Никола и тренерот Мелоун (Видео)

По победата на Денвер нагетс од 94:89 во петтиот меч од големото финале, делириум во „Бол арената“ поради освојувањето на првата шампионска титула на тимот од Колорадо, а свое шоу имаа и браќата на Никола Јокиќ, Страхиња и Немања, како и сопругата на кошаркарот, Наталија.

Наталија со солзи радосници го дочека крајот на мечот, додека браќата на Јокиќ, веднаш влетаа на теренот и успехот го прославија со Никола.

Очекувано, во нивните прегратки се најде и тренерот Мајкл Мелоун, и тој исто така заврши во воздух.

- Оглас -

Најнови вести