Шоу на Енрике: Ги искара легендите во емисија во живо бидејќи не веруваа во неговиот тим (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ синоќа остварија убедлив триумф над Барселона, од 4:1 и тоа на „Монжуик“, ја надоместија негативата од еден гол од првиот меч и се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Иако по првиот дел кој Барселона го доби со 3:2, речиси никој не даваше шанси дека Светците  ќе успеат да го елиминираат шпанскиот гигант. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, упорно повторуваше дека неговите играчи ќе победат, по мечот ги дочека своите пет минути и направи шоу.

Имено, тој ги искара дел од легендите кои се во улога на стручни коментатори на телевизијата Си-би-ес бидејќи во нивните прогнози не му даваа никакви шанси на ПСЖ во дуелот со Барселона.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер сити, Мајка Ричардс, прогнозираше дека Барселона ќе го елиминира ПСЖ. По мечот, во емисијата во живо Енрике со насмевка го искара Ричардс бидејќи не верувал во неговите фудбалери.

Додека Енрике беше одлично расположен за шега, тренерот на Барселона, Чави Ернандес, по мечот беше лут како рис и го нападна судијата Ковач означувајќи го како главен виновник за поразот поради исклучувањето на Араухо и недосудениот пенал по прекршокот над Гундоган.

Во емисијата на Си-би-ес посветена на Лигата на шампионите, во улога на стручни коментатори се Ричардс, легендарниот напаѓач на Арсенал и на Франција, Тиери Анри и легендарниот дефанзивец на Ливерпул и Англија, Џејми Карагер.

 

- Оглас -

Најнови вести