НБА-шампионот Денвер нагетс ги започна подготовките за новата сезона во која ќе ја брани титулата и веднаш свое шоу имаше првата ѕвезда на екипата, Никола Јокиќ. На медија денот, во којшто кошаркарите беа достапни за медиумите, токму Јокиќ најдобро се забавуваше.
Тој во стилот на неговиот прекар Џокер, изјави карта од дресот и ја покажа кон камерите, потоа се обидуваше да асистира зад грб во стилот на поранешниот кошаркар Џејсон Вилијамс, беше несериозен кога даваше изјава и сите работи ги правеше насмеан.
Шоуто на Јокиќ и се допадна и на НБА-лигата, која направи кратко видео од неговото однесување и го објави на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/1708946914735952075