Шоу на Пети Милс, Кенгурите ја прескокнаа Словенија за кошаркарска бронза

Австралија го стори тоа што ѝ избега од раце пред пет години во Рио, го освои бронзениот медал на кошаркарскиот турни на Олимписките игри кои се при крајот во Токио. Кенгурите триумфираа во мечот за третото место против Словенија со конечни 107:93.

Фантастичниот Пети Милс блесна со 42 поени и 9 асистенции, беше незадрлжив за Лука Дончиќ и дружината. Речиси секој напад на Кенгурите одеше преку искусниот бек, кој заврши со статистика од 15/31 шута од поле и 15 обиди за тројка, од кои погоди само четири.

Австралија од самиот почеток на средбата го држеше резултатот во своја корист, а првото поголемо одлепување се случи во текот на третиот период. Словенците стигнаа на три коша негатива во завршните 10 минути, но двете серии од 7-0 и 10-0на Австралија не дозволија пресврт и шок.

Дончиќ застана на 22 поени, со 8 скока и 7 асистенции беше блиску до нов трипл-дабл учинок.

- Оглас -

Најнови вести