Рикардо Формосињо направи вистинско шоу на прес-конференцијата по мечот на кој неговиот тим Модерн Фјучр по неверојатната пенал-серија во која беа изведени 34 пенали се пласира во финалето на египетскиот Суперкуп.
Иако за најголем дел од фудбалската јавност неговото име не е познато, тој доста им е доста во Египет и на Жозе Мурињо, поради кого ја прекина прес-конференцијата.
Имено, додека тој одговораше на прашањата на новинарите, му заѕвони мобилниот телефот, поради што го извади од џебот и кога погледна кој го бара, им рече на новинарите:
https://twitter.com/i/status/1739391490013409365
„Извинете, но овој човек. Морам, морам да се јавам. Тоа е Жозе Мурињо“, рече Формосињо, кој потоа имаше краток разговор со актуелниот тренер на Рома.
Овој потег предизвика смеа во салата, а дел од новинарите му порачаа да го поздрави Мурињо.
„Шефе, успеавме. Да, успеавме. Не можам да слушнам ништо тука, наскоро ќе излезам од салата и ќе ве побарам“.
Рикардо Формосињо е португалски тренер кој му беше помошник на Жозе Мурињо кога седеше на клупата на Манчестер јунајтед и на Тотенхем.