Драма каква што не се памeти во Египет: Победникот решен дури по 34 изведени пенали

Екипата на Модерн Фјучр се пласирa во финалето на египетскиот Суперкуп откако во неверојатно драматичен меч беше подобар од Пирамидс на пенали. Во регуларниот дел немаше погодоци, па мораше да се изведуваат удари од белата точка. По стандардните пет пенали на двете страни, резултатот беше 4:4 и се продолжи додека едниот тим не погоди, а другиот да промаши.

Во шестата серија двете екипи промашуваа, истото се случи и во десетата серија, кога двата тима промашуваа и драмата продолжи до 17-тата серија на пенали. Тогаш промаши фудбалерот на Пирамидс, па на крајот по вкупно 34 изведени пенали, Модерн Фјучр победи со 14:13 и се пласира во финалето. Никогаш претходно во Египет не биле изведени толку многу пенали за да се дознае победnикот на еден дуел.

 

 

- Оглас -

Најнови вести