Шоу во Калифорнија: Реал губеше 0-2, па го победи Милан со 3-2 (Видео)

Екипите на Реал Мадрид и Милан приредија вистинско шоу за публиката на стадионот во Пасадена, Калифорнија.

Милан имаше водство од 2-0 после првиот дел откако прецизни беа Фикајо Томори во 25-тата минута и Лука Ромеро во 42-рата минута.

Во второто полувреме следуваше комплетен пресврт. Најпрво Федерико Валверде со два брзи гола во 57-мата и 59-тата минута израмни на 2-2, а во 84-тата минута Винисиус стрелаше прецизно за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 3-2.

Реал Мадрид на турнејата во САД ќе одигра пријателски натпревари и со Манчестер Јунајтед, Барселона и Јувентус, додека Милан до крајот на турнејата ќе игра уште со Јувентус и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести