21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шпанецот по само шест месеци ќе го напушти Манчестер сити?!

Младиот шпански фудбалер од средниот ред, Нико Гонзалес, не е задоволен од минутажата која ја добива во Манчестер сити, а во прилог не му оди ниту враќањето на Педри на фудбалските терени. 23-годишниот фудбалер сака да си замине од клубот, иако пристигна пред само шест месеци од Порто за сума од 60 милиони евра.

Договорот на Гонзалес му истекува во 2029 година, па „граѓаните“ со сигурност ќе бараат високо обесштетување за него, иако не доби преголема шанса да ги покаже своите квалитети.

Менаџерскиот тим на фудбалерот веќе е во потрага по нов клуб за Шпанецот, а освен неколку европски екипи, контактирани се и клубови од Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести