Шпанија доминира и кај младите, У-19 тимот се пласираше во финале на ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија за фудбалери до 19 години, ќе игра финале на Европското првенство во оваа возрасна категорија. Младите Шпанци во првото полуфинале ја победија Италија по продолженија со 1-0, а во финалето ќе играат со Франција или Украина.

Пол Фортуни од Реал Мадрид беше стрелец на победничкиот гол за Шпанците во 100-тата минута.

Шпанија има осум европски титули, в недела оди по деветтата.

Ова е голот кој им донесе финале:

- Оглас -

Најнови вести