Шпанија гази, ама Реал има проблем – Капитенот Рамос се повреди

Серхио Рамос има повреда на тетивата и беше заменет во 43-тата минута на мечот меѓу Шпанија и Германија во Севилја. Шпанците ја растурија Германија со три гола во првото полувреме, но останаа и без двајца играчи во првите 45 минути.

Најпрво, уште во 12-тата минута се повреди Каналес, па на негово место во игра влезе Фабијан Руиз, а потоа во финишот на првиот дел надвор од игра поради повреда мораше и Рамос.

Капитенот на Шпанија и на Реал Мадрид се пожали на повреда на тетивата и сега ќе чека дополнителни медицински прегледи за да се утврди тежината на повредата.

Шпанија води со 4:0 на 20 минути до крајот на мечот во Севилја и веќе е сигурно дека ќе го освои првото место во четвртата група од Сегментот А и ќе игра за титулата во второто издание на Лигата на нациите.

 

- Оглас -

Најнови вести