Репрезентациите на Шпанија и Јапонија обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство за жени, откако денес забележаа убедливи победи против Костарика, односно Замбија.
Фудбалерките на Шпанија со убедливи 5-0 ја совладаа Замбија и сега на последниот натпревар против Јапонија ќе им биде потребно само да освојат еден бод за да завршат на првата позиција. Јапонките со 2-0 ја совладаа Костарика, но овој натпревар беше прв во денешната програма, па Шпанија со високата победа дојде до биланс од 8-0, а Јапонија има 7-0 на двата досегашни натпревари на кои двете репрезентации победија по двапати.
На последниот натпревар од денешната програма, репрезентацијата на Канада со пресврт дојде до победата против Ирска и ја оправда фаворитската улога. Ирска поведе на самиот старт од мечот, но до крајот на полувремето си постигнаа автогол за 1-1. Конечните 2-1 за Канада ги постави Леон во 54-тата минута.