Фудбалерите на Реал Мадрид изминатиот викенд и официјално станаа шампиони на Шпанија, откако на домашен терен го совладаа Кадис, а Барселона загуби на гостувањето кај Жирона.
Од раокводството на Ла Лига го информирале „кралскиот“ клуб дека планирано е следниот викенд на дуелот помеѓу Гранада и Реал Мадрид ќе биде доделувањето на шампионскиот пехар, но ова веднаш е отфрлено од раководството на новиот шампион на Шпанија.
„Нема смисла таму да славиме. Нема да го направиме тоа од почит кон Гранада и нивните навивачи, доколку баш тој ден тие испаднат од лигата.“ – велат од Мадрид.
Можно е екипата на Гранада баш на тој меч и официјално да испадне од Ла Лига, па од Реал Мадрид не сакаат да го слават успехот пред навивачите кои тагуваат за испаѓањето на својот клуб.
Предлогот на Реал Мадрид е шампионскиот пехар да биде доделен на 14-ти мај, кога на домашен терен играат против Алавес.
https://twitter.com/MadridXtra/status/1787456861060399405?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1787456861060399405%7Ctwgr%5Ed11647d44fabd0c4c217cb53a124cf8138b181c0%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Freal-madrid-granada-proslava-titule-odbijanje-razlog%2F474012