6048 Зира – Хајдук (17.30 часот)
Сплиќани започнуваат со својата европска авантура, ова им е прв официјален меч од мај наваму, гостуваат во Азербејџан. Зира го освои второто место минатата сезона зад неприкоснвениот Карабах. Хајдук пред пет дена имаше силна контрола против ЛАСК и загуби 1-2, а сите други контроли ги добија со по 1-0. Хајдук би требало да остане непоразен, но веројатно нема да има дожд од голови, па реваншот на „Пољуд“ ќе решава кој ќе оди понатаму.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.92)
6720 Бран – Салцбург (19.00)
Победникот од овој норвешко-австриски двобој во следното коло од квалификациите за ЛШ ќе игра со Клуб Бриж. Затоа победата е многу значајна за двата тима, бидејќи пласман во следната рунда значи сигурна европска есен, макар во Конференциската лига, а можеби и во Лигата на Европа. Предност на Бран е што игра дома и што норвешката лига е во тек, па тие се во натпреварувачки ритам, моментно се трети на табелата. Сепак, индивидуално гледано, Салцбург има поквалитетни играчи. Салцбург немаше многу време за одмор, играше и за Светското клупско првенство.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)
6724 Олимпија Љ. – Интер Ескалдес (20.00 часот)
Екипите од Андора покажаа дека може да бидат незгодни, па словенечкиот првак не смее да ги потцени гостите во овој дуел од квалификациите во Конференциската лига откако овие два тима беа елиминирани за по еден гол во првото коло од квалификациите за ЛШ. Олимпија испадна од Каират од Казахстан, додека Интер беше елиминиран од романскиот ФЦСБ. Квотите велат дека тимот од Љубљана е голем фаворит, но нема да биде чудо ако има проблем со тимот кој успеа да даде даде гол во Букурешт.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.85)
6721 Шелбурн – Карабах (20.45 часот)
Ова се два потенцијални ривали на Шкендија или ФЦСБ во следното коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Азербејџанскиот тим е посилен на хартија и важи за фаворит, но и Ирците си имаат свои математики. Карабах не се прослави во подготвителниот период, а Шелбурн мина едно коло во квалификациите и се покажа како тим кој ретко прима голови.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.45)
6702 Германија ж. – Шпанија ж. (21.00 часот)
Шпанија влегува како голем фаворит за победа во ова полуфинале на Европското првенство за фудбалерки. Шпанија ги победи сите мечеви досега на ова ЕП кое се игра во Швајцарија и на сите мечеви даваше барем два гола. Германките благодарение на голманката, на чудесен начин ја елиминираа Франција во четвртфиналето, кога над 100 минути играа со човек помалку на теренот. Пред тоа губеа и од Шведска, па, секако, би било чудо ако се извлечат против Шпанија. Интересно е дека Германија не знае за пораз од Шпанија, а во последните 15-тина години одиграле седум меѓусебни мечеви, последен пат лани на Олимпискитте игри во Париз.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.09)