Шпанска тенисерка откри дека имала жежок еротски сон, во јануари го сонувала сегашното момче

Паула Бадоса, која се смета за една од најубавите тенисерки на денешницата, откри дека за време на првиот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија, имала еротски сон за својот колега, кој сега и е момче, Стефанос Циципас.

„Во тоа време јас бев во Шпанија поради повреда и одлучив да го гледам финалето. Изненадувачки, бидејќи никогаш во соништата не ми се појавуваат тенисери, таа ноќ го сонував токму него, дека и двајцата победуваме во Мелбурн. Потоа имавме многу романтичен момент кој нема да ви го раскажам и ќе застанам тука“, изјави низ смеа Бадоса пред новинарите во Лондон.

Бадоса и Циципас, кои веќе не ја кријат врската, на Вимблдон ќе играат заедно, и тоа во мешани двојки, а први противници ќе им бидат Американците Џесика Пегула и Остин Крајичек.

https://twitter.com/i/status/1675864501198143489

    Новата тениска двојка има и заеднички профил на „Инстаграм’ – tsitsidosa, на кој објавуваат фотографии од нивните патувања.
- Оглас -

Најнови вести