Шпанската полиција ги објави првите детали од истрагата за смртта на Диого Жота

Шпанските истражни органи ги споделија со јавноста првичните причини за тешката сообраќајна несреќа во која животите ги загубија Диого Жота и неговиот брат Андре. Според полицијата, токму фудбалерот на Ливерпул го управувал автомобилот марка Ламборџини во моментот на несреќата, а како причина се наведува брзото возење.

28-годишниот Диого Жота и неговиот три години помлад брат, Андре Силва, ги загубија животите во близина на Замора, во северна Шпанија, ноќта помеѓу втори и три јули. И двајцата беа погребани во саботата.

- Оглас -

Најнови вести