Шпанскиот плејмејкер Санти Казорла, пристигна на аеродромот во Доха каде треба да ги комплетира формалностите околу неговиот трансфер од Вилјареал во Ал Сад, клуб чиј тренер е легендата на Барселона, Чави.
Казорла во катарскиот тим предводен од Чави доаѓа по лично барање на каталонецот. Договорот со Вилјареал му истече и сакаше да ја смени средина и да ја напушти Европа, прифаќајќи ја понудата од Катарците. Претставувањето на 35-годишниот Казорла треба да се случи деновиве, а потоа тој заминува на краток одмор.