Шпански новинар за белградската „Маракана“: Ова е света земја, Паненка, Марадона, 1991, факели…

Шпанскиот новинар Тони Падилја, кој е во Белград за да известува за натпреварот Црвена ѕвезда – Барселона од фудбалската Лига на шампиони, на социјалните мрежи објави фотографија од стадионот „Рајко Митиќ“ и се пофали дека е на „света земја“.

„Света земја. Пеналот на Паненка, голчиштето на Марадона, неколку факли“, напиша Падилја, кој потсети дека на овој стадион беше постигнат еден од најпознатите голови во историјата на фудбалот, пеналот на Паненка од 1976 година, и мајсторскиот гол со лоб на Диего Марадона во 1982 година, а фановите таму често знаат да палат пиротехнишки средства.

Падилја објави дека на стадионот „мириса“ на 1991 година, кога Ѕвезда стана европски првак и на своите следбеници и пријатели им покажа графит на којшто е нацртан Дарко Панчев како се радува по победничкиот гол од пенал во финалето во 1991.

- Оглас -

Најнови вести