23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Шпанскиот селектор мисли дека уште е рано да го повика првиот стрелец на Светското клупско

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентацијата Луис Де ла Фуенте беше запрашан да даде свој став околу „експлозијата“ на напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија, кој со 4 гола и една асистенција е најпријатно изненадување на Светското клупско првенство.

Деновиве има многу пофалби за 21-годишниот Гонзало по шпанските медиуми, и му се сугерира на селекторот да го повика уште во септември во Црвената фурија. Но, Де ла Фуенте не го дели истото мислење.

„Тој го заработува правото да биде репрезентативец во иднина, но важно е да не брза со работите. Тој не одиграл ниту една секунда во Ла Лига. Како што велат во мојот град, мора да отслужите малку воена служба за да ја заработите можноста и правото да заземате позиции на играчи од врвно ниво“, рече Де ла Фуенте, кој сепак го охрабри Гонзало. „Се надевам дека ќе има многу Гонзаловци, Хаусеновци или Ламини кои ќе ја гарантираат нашата иднина“.

Инаку селекторот погреши кога кажа дека Гонзало нема играно првата шпанска лига.

Тој сезонава одигра вкупно 53 минути во последните три лигашки натпревари. Исто така, се појави во првиот тим и во неколку други прилики кога беше резерва и не влезе во игра, а одигра и 17 минути во сезоната 2023-24, па засега има вкупно 70 минути во Примера дивизија.

- Оглас -

Најнови вести