Шпанскиот тренер почувствува дека било опасно да се биде селектор на Ирак (Видео)

Фудбалската репрезентација на Ирак на шокантен начин беше елиминиран од Азискиот куп, откако прими два гола во судиското надополнување и загуби со 3:2 од Јордан. Ирак водеше со 2:1 до 94 минута, но во последните моменти, Јордан направи чудо. Најпрво израмни на 2:2 во 95 минута, а потоа даде и трет гол за победа во 97 минута.

https://twitter.com/i/status/1751986754716946455

По завршувањето на мечот, на прес-конференцијата, новинарите од Ирак беа многу револтирани и за најголем виновник го посочија селекторот Хесус Касас. Шпанскиот стратег беше вербално нападнат и му беше забележано зошто често давал интервјуа на шпански новинари, бидејќи тоа го дефокусирано од главната обврска.

„Ниту еден од тренерите на репрезентациите кои поминаа во следната фаза не даваше интервјуа пред некој меч. Како може вас тоа да ви падне на памет? Штета“, реагираше еден од новинарите кон селекторот на Ирак.

Потоа обезбедувањето ги спречи дел од новинарите да му пријдат на селекторот. На крајот, новинарите од Ирак ја напуштија прес конференцијата, но селекторот Касас остана смирен и даде изјава.

https://twitter.com/i/status/1752091608181293205

„Вакво нешто ми се нема случено никогаш во кариерата. Кај нас е сосема поинаку. Тука доволно е да имас Инстаграм профил од 100.000 следбеници или Јутјуб канал. Нема професионалци. Тешко е да се спореди ова со некоја друга земја. Нормално е да се даваат интервјуа“, реагираше селекторот на Ирак, кој додаде дека не планира да си замине и дека негов главен фокус сега е да ја пласира репрезентацијата на Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести