26.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шпанските ривали со двоцифрени порази, Монако и Олимпијакос со стартна предност во Евролигата

Монако и Олимпијакос со победи ги комплетираа првите натпревари од четвртфиналето на евролигашкиот плејоф. Со тоа првиот круг завршува со четири домашни победи, откако сите домаќини го одбранија домашниот паркет.

Вечерва беа поразени шпанските ривали, Барселона и Реал Мадрид. Каталонците со убедливи 97-80 загубија на гостувањето кај Монако, а победникот беше решен во третата четвртина, која ја добија со 32-17.

Слична судбина доживеа и Кралскиот клуб откако беше поразен кај Олимпијакос со 84-72. Реал Мадрид лошо го отвори мечот и го загуби првиот период со 27-14, што на крајот се покажа и како клучно за поразот.

- Оглас -

Најнови вести