Шпанско-англиски тикет за петок, Барса и Јунајтед на тешки гостувања

Тотенхем – Манчестер јунајтед (21:15ч)

Во ударниот вечерен термин е закажано дербито меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед од 30-тото коло, дуел во кој Црвените ѓаволи влегуваат како благи фаворити. Жозе Мурињо првпат ќе има прилика да го пречека поранешниот тим, но како тренер на Тотенхем веќе се сретна со Јунајтед и загуби со 2-1 во декември минатата година.

Две убави вести ги радуваат екипите, Хари Кејн ќе прави камбек на терените за првпат од јануари, додека во составот на Солскјер се враќа Пол Погба исто така по подолго време. Императив на двете екипи секако ќе биде триумф, нивната цел е да го стигнат Челзи на четвртото место во битката за пласман во ЛШ, а моментално гостите од Манчестер се поблиску до таа цел.

Јунајтед во последното гостување во Северен Лондон триумфираше со минимални 1-0, пред тој меч Тотенхем запиша три победи во низа само со еден пример гол, така што може да се предвидува тврда пресметка по три месеци пауза.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.71)

 

Севилја – Барселона (22ч)

Севилја иако е во добра форма, вечерва ќе треба да го покаже своето најдобро издание за да изнуди добар резултат против актуелниот шпански првак. Андалузијците немаат остварено победа против Барселона во рамките од првенството уште од октомври 2015 година, што значи дека составот на Кике Сетјен добро се снаоѓа кога игра на „Рамон Санчес Писхуан“.

Севилја исто така ќе треба посебно да внимана на незапирливиот Лионел Меси, кој вечерва е во потрага по 700-тиот гол во кариерата, а во негова полза е што вечерашниот противник му е омилен тим за давање голови. Меси има 37 гола на 38 меча против Севилја, големи се шансите вечерва да се запише во листата на стрелците како и на претходните два меча.

Предлог тип: ГГ3+ (1.92)

 

Норвич сити – Саутхемптон (19ч)

Премиер лигата со редовното натпреварување почнува денес, токму со овој дуел. Норвич и Саутхемптон се среќаваат во рамките од редовното 30-то коло, за Светците треба да биде лесна средба ако се знае дека Канаринците речиси сигурно ќе испаднат во втората англиска лига, но нема да се предадат без борба.

Атрактивен фудбал игра Норвич, токму на таков начин ќе се обиде вечерва да освои бодови и воедно да му се реваншира на Саутхемптон за поразот од претходно сезонава. Сепак, треба да се знае дека тимот на Хазенхитл е незгоден гостин со шест победи во 14 меча од Премиер лигата.

Предлог тип: X2 & 0-3 (2.0)

 

Гранада – Вилјареал (19:30ч)

Вилјареал со две минимални победи влезе во трка за пласман во Лигата на Европа, а со добар резултат на гостувањето кај Гранада може да се наметне кај Сосиедад и Хетафе и да им ги замрси плановите за ЛШ.

Гранада од 8 февруари е без пораз во Ла Лига, серијата трае веќе шест меча, додека мечот против Жолтата подморница се очекува да биде ефикасен со оглед на минатите средби, особено последната, која ја одиграа во август на почетокот од сезоната со високи 4-4.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Фамаликао – Брага (22:15ч)

Фамаликао по рестартирањето на сезоната тргна перфектно со две победи, додека во сосема спротивна ситуација се најде Брага со два порази едноподруго. Ова е битка за четвртата позиција на табелата во Примеира. Моментално Брага има три бода повеќе од Фамаликао по 26 натпревари.

Во средбата од ноември минатата година двете екипи се задоволија со бод при конечни 2-2, додека прилично големи се шансите и вечерва да дуелот да не добие победник. Брага треба да покаже игра на високо ниво бидејќи Фамаликао има само три порази на домашен терен во 13 меча.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.95)

- Оглас -

Најнови вести